Еден од најдобрите хрватски фудбалери, Звонимир Бобан преку социјалните мрежи се збогуваше со Марадона.
-Си замина човекот кој поинаку ја шутираше топката , човекот кој и премногу тагуваше без неа, па си наштети себеси најмногу што можеше. Никој никогаш нема да игра поелегантно и никој нема да даде гол каков што Диего му даде на Јувентус од индиректен, што за мене е најголемиот гол во историјата на фудбалот … Необјаснив, неразбирлив – исто како Диего …, напиша Бобан.