Рускиот фонд за директни инвестиции и индиската фармацевтска компанија „Хетеро” се договорија во Индија годишно да се произведуваат по повеќе од 100 милиони дози од вакцината против коронавирусот „Спутник V” , соопшти денеска руската компанија за развој на вакцини „Гамалеја”.
Руската компанија на Твитер објави дека производството на вакцини е предвидено да почне на почетокот на 2021 година, пренесуваат британските медиуми.
Во Индија во моментов се спроведува втората и третата фаза од испитувањето на оваа руска вакцина, што се многу обемни истражувања и кои треба да завршат до март следната година.