Најмалку пет лица загинаа, а 28 се повредени во пожар кој утрово избувна во индиска приватна болница каде се лекуваат пациенти со Ковид-19.
Полицијата соопшти дека пожарникарите успеале да спречат ширење на пожарот. Пожарот зафати еден кат од зградата и беше изгаснат во рок од 30 минути.
Индиските медиуми јавуваат дека пожарот избувнал на одделот за интензивна нега во една болница во западниот дел на Индија, каде се лекувале 33 пациенти со Ковид-19.