Полска сака ЕУ сериозно да го сфати ветото на Варшава и Будимпешта и да продолжи да бара компромисно решение, рече министерот за надворешни работи Збигњев Рау.
Рау рече дека Полска има конкретни сомневања во врска со оваа специфична ситуација и дека бара сериозно да се сфати нејзиното вето, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на полската државна новинска агенција ПАП.
Очекуваме одговор на нашето вето и понатамошно барање компромис, истакна полскиот министер.
Тој рече дека предлогот на Урсула фон дер Лаен, претседателка на Европската комисија, Полска и Унгарија да побараат објаснување од Европскиот врховен суд за поврзаноста на владеењето на правото и исплатата на средствата, не одговори на нивните сомнежи.
Унгарија и Полска вчера објавија дека ЕУ не може да го поврзува почитувањето на владеењето на правото со исплатата на средствата освен ако не го измени својот договор за основање.
Земјите ставија вето на буџетот на ЕУ и планот за обновување од пандемијата.