Славната пејачка Шер го потроши богатството на скапи медицински третмани. Покрај тоа, според странските медиуми, лошите инвестиции и неконтролираното трошење пари ја довеле до сиромаштија.
Познатата пејачка, која заработуваше милиони, направи голема пауза во кариерата, а сега наводно е на работ на егзистенцијата, пренесуваат странските медиуми.
„Постојано бев болна, за малку ќе ме убиеше пневмонија. Лекарите прво ми велеа дека сум луда и дека претерувам, но сепак открија дека сум сериозно болна“, изјави пејачката за странските медиуми.
Поради својата здравствена состојба, Шер мораше да направи пауза од кариерата, бидејќи повеќе не можеше да издржи настапи, како и турнеи. За да има од што да живее, пејачката започна да снима реклами.
Меѓутоа, рекламите не носат пари колку нејзиното основно занимање. Покрај тоа што потроши многу пари на неуспешни медицински третмани, пејачката го изгуби и богатството поради неконтролирано трошење, како и лоши инвестиции.