По успешно изведената акција за чистење на Лисиче минатата сабота, утре комуналните служби на Општина Аеродром продолжуваат со чистење на потегот по должината на булевар „Јане Сандански“.
Со целата расположлива механизација на општината и со вклучување на новите машини за чистење, ќе се отстранува комуналниот отпад од јавните површини, што опфаќа метење, стругање и собирање лисја и гранки од плочниците, патеките, паркинзите и парковите, како и расчистување на депониите.
Да придонесеме сите за почист и поубав Аеродром!