Фолк sвездата Лепа Брена е родена во Тузла под името Фахрета Јахиќ.
Брена е најмладата од трите деца – нејзиниот татко Абед и мајката Ифета имаат исто така син, Фарук и ќерка Факета.
Досега Брена не истакна дека нејзиниот постар брат е многу талентиран во музиката, а овој пат го претстави за време на шоуто „Никогаш не е доцна“, во кое тој учествуваше.
– Мојот брат Фарук Јахиќ како учесник – напиша тогаш Брена на заедничка фотографија.
Фарук Јахиќ се занимава со музика со децении, свирејќи на хармоника во групата „Машак Миша“.