Димитријевиќ: Преминот во Уникс најдобрата кошаркарска одлука за мене

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ објасни зошто мин тото лето решил да се пресели во тимот на Уникс Казан.

– Сакав да добијам повеќе време за играње, да добијам лидерска улога. Минатата сезона во Валенсија беше тешка за мене. Играв многу на почетокот на сезоната, но потоа се повредив – првата сериозна во кариерата. И штом се опоравив од повредата, се разболев од коронавирус. Фала му на Бога што сега немам такви проблеми.

Тоа беше најдобрата кошаркарска одлука за мене. Сакав да останам на истото ниво каде што бев, а УНИКС, според моето разбирање, е достоен за споредба со Валенсија. Сакам да играм во Евролигата и тука можам да го постигнам тоа. Минатата сезона многу го гледав УНИКС, дефинитивно заслужија да играат во плејофот.

Ми се допадна што голем број играчи направија голем скок во Казан минатата сезона. Лоренцо Браун, Марио Хезоња и други играчи во текот на летото се преселија во главните клубови во Европа. Се радував и на шансата да работам со Велимир Перасовиќ, еден од најдобрите тренери во Европа. Играв против Баскија кога тој беше тренер таму. Сите негови тимови играат агресивна кошарка, изјави Димитријевиќ.

Дваесет и четиригодишниот Димитријевиќ во својата кариера има настапувано и за шпански Хувентуд.

Треба да знаете
Последни објави