Македонија со втор триумф над Казахстан ги заврши квалифиакциите за ЕП

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со победа ги заврши квалификациите за следното Европско првенство. Македонските девојки по петте порази во низа, конечно се радуваа на три бода, откако како гостинки  во Алмати со 3:0 ја совладаа соодветната селекција  на Казахстан. Македонија заврши како 4. пласирана на табелата од квалифиакциската група со шест бода, сите освоени токму против Казахстан, кого во Скопје го совлада со 4-1.

Македонските девојки на ова гостување беа без селекторот Кирил Изов  поради коронавирусот. Тоа беше дополнителен мотив да се збогуваат од овие квалифиакции со триумф. За тоа најзаслужени беа интернационалките Андонова и Рочи. Фудбалерката на Леванте, Андонова асистираше а Рочи донесе водство од 0-1 (11. минута). И втората асистенција на Андонова од  Рочи беше претворена во гол (0-2), додека до крајот на првиот дел мрежата на Казахстан ја затресе и Шемсовиќ за конечни 3:0.

Лоша вест за македонската селекција е тоа што двојниот стрелец Рочи поради повреда предвреме го заврши натпреварот, односно во 45. минута беше заменета со Мустафа. Исто така во самиот финиш од натпреварот со незгодна повреда се здоби и голманката Магдалена Лековска.

Треба да знаете
Последни објави