Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 1.179 нови случаи со корона вирус, а тестирани биле 3.184. Од последиците на заразата починале 62 пациенти.
Во Федерацијата пријавени се 2.145 примероци од кои 738 биле позитивни на корона вирусот.
Досега тестирани се 272.216 примероци, а корона вирусот е потврден кај 54.306 луѓе.
До денеска во Федерацијата оздравени се 35.186 пациенти, а активни се 17.639 случаи.
Во Федерацијата во последните 24 часа починале 36 пациенти со „Ковид-19.
Вкупно досега починале 1.481.
Во Република Српска пак, тестирани се 938, а Ковид-19 потврден е кај 388 лица.
Пријавени се 25 смртни случаи или вкупно досега 987.
Оздравеа 14.112, а вкупно се тестирани 130.941 луѓе.
Во Брчко има 53 нови случаи, а тестирани биле 101. Починал еден пациент.