Иако состојбата со коронавирусот не стивнува, граѓаните не беа спречени од посета на продавниците во Сити мол, по повод „Блек Фрајдеј” (Црн петок).
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од редици луѓе кои чекаат да влезат и да почнат со шопинг, пренесува локално.
Според последниот извештај од Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на Ковид-19. Бројот на новозаразени во Скопје изнесува 472.