Тешко е да се говори од Ваташа. Пријатели овој собир е надпартиски. На овој собир нема леви и нема десни. Ова е собир за Македонија. Никој од нас не одбира кога и во какво смејство ќе се роди. Никој не одбира каде ќе се роди, која ќе му биде етничката, верската припадност или јазикот кој прв ќе го проговори. Но она што секој од нас може да го одбере е начинот како да го воспитува своето дете, да го учи на тоа што е свето, што се вредности, што е образ, чест, достоинство и углед, што има, а што е тоа што нема цена.
Драги пријатели како и вие денеска и јас сакам да живеам во Македонија во која системот на вредности е многу различен од денешниот на Заев. Сакам да живеам во онаа Македонија во која го спознав животот, пријателите, училиштето и учењето, ја осознавав честа, угледот и достоинството, го научив единството и соживотот, во која учев македонската историја Јордан Пиперката , Даме, Питу, Каев, Гоце, Илинден и илинденците, во онаа Македонија која се гордеше на тврдокорните, онаа земја која се гордееше со партизаните, со сите кои за неа го дадоа и животот.
Во земја за која од славното Кавадарци, Неготино и за жал денес разурнатото село Праведник излегоа бројни комити, но и партизани. Земја која толку многу ви должи за црнината во која беа вашите баби и мајки, за сите деца и младинци кои во војните ги закопавте. Па јас сум со корен кавадаречки, дел од фамилијата ми живее тука.
Мојата баба видете Ризова Трајанка,Злата малата Мавче која по раст е мала, но голема по дела и храброст е баш оттука од Праведник. Мафче и бригадата Добри Даскалов добро му го налплатија секој грев на окупаторот. Мојот прадедо Димо Бошков е оттука, Илинденец, осакатен од турците за Македонија живееше до 113 години и го закопавме македонец.
Сакам да ми се врати државата која ги памети нивните херојски дела. Македонија во која сме сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Еѓипкани, Евреи и сите останати од Македонија во која никој нема да се осуди гордоста да ни ја оспори. Ми велеа дека сум заглавена во историјата дека треба да гледам во иднината. Ни велат да заборавиме, да се понижиме и сами себе да се поништиме.
Епа завчера Заев се обиде да дотроши се што е Илинден, НОБ и АСНОМ, се што она ни оставија и му се случи и вчера, му се случува и денес, ќе му се случува и утре и така натаму бидејќи му се случуваме сите ние надпартиски, наднационално, антифашистички да му докажеме дека е доста, да му кажеме дека никој не смее да ја допира нашата историја, нашиот народ, јазикот, никој нема мандат за тоа. Таа е со крв платена од црнина излезена .
Драги мои,
Овде доволно долго се врзуваат знамиња за да не одврзат, врзуваат етикети за да не поделат, ветуваа за да не одвојат. Пропагираат дека градат толеранција од изграденото братство и пропагираа дека градат соживот, а имаа изградено единство. Но заборавија, заборавија дека овде народот е едно затоа што никој не го врзувал, лажно ветувал, бележал или етикетирал. Овде сите сме едно затоа што ние сме наследниците на оние кои пролеаните реки крв ги поврзаа, пукотот на марихерите ги поврзаа. Ние сме наследниците на оние кои не гледаа кој е ова или она, туку пукаа по тиранинот и гинеа еден за сите, сите за еден. Ние сме 5 прсти на една рака, сите заедно една силна макеоднска тупаница, симбол на непокор, на отпор, на гордост, на чест на достоинство, тоа е Македонија. Ние не сме овде поради тоа што сме за ЕУ, ние несме овде затоа што сме против некои соседни држави, ние сме тука за нас, за нашето минато, за нашата денешница, за нашата иднина, за пролеаната крв никогаш да не се заборави, за Македонија нема да застанеме.