На 27.11.2020 во 15.30 часот, полициски службеници од Одделението за потраги при ЕВР Кисела Вода, врз основа на судска наредба, го привеле А.З.(38) од Скопје за издржување казна притвор во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.