Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар попладнево во Скопје го совлада тимот на Академија Пандев со 2:0. За „црвено-црните” ова е втора победа во низа, првпат сезонава.
Струмичани го запишаа деветтиот пораз, а можеа да го избегнат, бидејќи имаа пенал при 1:0, но не го реализира Стоилов, а потоа остнаа со фудбалер помалку (Димовски доби втор жолт картон), и примија втор гол.
Стрелци на погодоците беа Цветаноски и Петковски.
Вардар по 13 натпревари има 19 бода, з аво моментов 6. место, додека Академија Пандев остана на 10 бода за 10. место.
Другите натпревари од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига се играат утре.
Струга – Шкендија
Македонија – ЃП
Беласица – Работнички
Пелистер – Силекс
Ренова – Борец.