Поголем дефект во близина на новата пречистителна филтер станицата кај Лисец е причина за повторно отежнатото водоснабдување на Тетово, информираат од Јавното комунално претријатие „Тетово”.
Од таму објаснуваат дека претстои намалување на довод на вода од новиот водоснабдителен систем до градската мрежа со оглед дека дефектот е на голема доводна цевка од Лешница кон новата филтер станица.
-Ќе имаме намалување на довод на вода како последица на линијата која преземе вода од Лешница, а во близина на филтер станицата кај Лисец на цевка Ф500. Според мое видување, за ваков вид дефект на цевка која минува низ планина, сум убеден деке е поради неодамнешните земјотреси што ја погодија зоната и предзивика подземни ерозивни движења, објаснува Љуљзим Шаќири, раководител на работната едницата „Водовод и канализација” при ЈКП Тетово.
Новиот водоснабдителен систем кој презема вода од планинските реки требаше да обезбеди дополнително 250 литри вода во секуда за градската мрежа.