Полициски службеници од полициската станица Струга врз основа на потерница од Основен суд Струга вчера го приведоа 30-годишниот У.Б. од село Горно Татеши кој се барал за издржување затворска казна од две години.
Како што соопшти МВР, У.Б. е спроведен во КПУ Идризово за издржување на казната.