Повеќе од десет лица се заробени во поплавен рудник за јаглен во провинцијата Хунан, во централниот дел на Кина, соопштија денеска локалните власти.
Кинеската агенција Ксинхуа јави дека е поплавен рудник за јаглен во градот Лиџијанг.
Раководството на рудникот наведува дека е во тек спасувачка операција.