Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран голем број смртни случаи од Ковид-19 на дневно ниво, починаа 98 лица, а намален е бројот на новозаразени, со потврдени 1.193 нови случаи, јави дописничката на МИА од Атина.
Во грчките болници, приклучени на апарати се лекуваат 603 пациенти.
Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 104.227 случаи, а почина 2.321 лице.