На 28.11.2020 во 14.50 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, велосипед, управуван од засега непознато лице, удрил во пешакот Г.Ј.(64) од Скопје, по што напуштил лице место.
Во незгодата, пешакот Г.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.