Швајцарците на референдум гласаа против зголемување на одговорноста на големите компании

Швајцарците на референдум ги отфрлија мерките што требаше да ги заострат казните против компаниите што ги кршат човековите права или ѝ нанесуваат штета на животната средина. На референдуот се гласало и за забрана за финансирање на оружје за извоз, но и таа мерка била одбиена. Според анкетите, излезноста на референдумот била 46%, пренесува „Еуроњуз“.

Самата швајцарска влада беше против иницијативата наречена „Одговорни компании – за заштита на луѓето и животната средина“, за која се залагаа граѓанските организации меѓу кои и „Амнести Интернешнл“ и „Гринпис“. Федералната влада тврди дека оваа мерка ќе ја ослабне економската конкурентност на Швајцарија.

Треба да знаете
Последни објави