Битолскиот фудбалски прволигаш Пелистер, есенската полусезона ќе ја заврши со нов тренер, откако ја прекина соработката со Зоран Штерјовски, поради лошите резултати. „Зелените“ имаа низа од седумте натпревари без победа, а последниот пораз од Силекс (2:1) како домаќини ја прели чашата со незадоволство кај раководството. Ова беше трет последователен пораз за Пелистер.
Пелистер в среда му гостува на Работнички во 14. коло од прволигашката конкуренција во мак- фудбалот, а до изборот на нов тренер екипата ќе ја води помошникот Димитар Капинковски.