СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.П.(40) од Свети Николе, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
На 24.07.2020, при извршен преглед кај пријавениот од страна на затворските надзорници, бил пронајден кокаин.
По преземени мерки било утврдено дека пријавениот, кој бил осуденик во Казнено-поправен дом Штип, неовластено набавил кокаин заради понатамошна продажба.