Oд ковид 19 почина Енвер Малиќи

Заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи починал од компликации предизвикани од вирусот ковид 19, дознава 24 инфо. Според наши извори Малиќи починал утрово на една од приватните клиники во Скопје. Малиќи кој е сопственик на фирмата „Гемак трејд“ е советник во Советот на Град Скопје од редовите на ДУИ, а градоначалникот Петре Шилегов 2017 во ноември, го именуваше за заменик-градоначалник на Скопје.

Малиќи е еден од најбогатите регистрирани сопственици и стопанственици на листата членки на Стопанска комора на Северозападна Македонија, но и воопшто, еден од најбогатите во државата. Енвер Малиќи е сопственик на компанијата Гемак Трејд, која во регистарот на Стопанска комора се води како средна компанија којашто се занимава со трговија.

На официјалната страница на оваа компанија стои дека Гемак Трејд е приватно трговско претпријатие основано во 1991 година. Започнува со трговија, увоз и дистрибуција на електрични апарати и потрошувачки добра, како и акцизни производи вклучувајќи и duty free бизнис во периодот од 1991 до 1994. Во тоа време Гемак отвора и продажна мрежа на престижни продавници низ Скопје.Гемак Траде во моментот е една од најголемите дистрибутерски куќи во земјата и работи со неколку програми на светски познати производи . Увозник на странски алкохолни пијалоци и цигари.

 

Треба да знаете
Последни објави