Мицкоски да одговори за чии интереси работи, да не чека друг да прозбори за неговото подмолно одработување

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСM

Нервозата во белиот дворец зад мене кулминира откако во јавноста се дозна дека самопрогласениот хистеричен политичар Христијан Мицкоски одработувал за странски центри и интереси. Затоа Мицкоски се крие и се уште не дава одговор на јавно поставените прашања. Какви информации добил? Зошто не пријавил во надлежните институции? За кои структури во Бугарија одработува и за какви цели го прави тоа?

Мицкоски да излезе во јавноста и да одговори,  да не чека за неговото подмолно одработување да прозбори друг. Нашата татковина е цела и останува цела. Мицкоски е опасност за државата и граѓаните. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано кочат и блокираат, ја кочат борбата со коронавирусот, ја блокираат работата на Собранието, го кочеа напредокот кон НАТО, борбата против криминалот и корупцијата.

Мнозинството граѓани даде огромна поддршка за напредокот и за иднината. Република Северна Македонија чекори напред кон прогресивна иднина и кон остварување на стратешките заложби, Граѓаните знаат кој е за европеизација а кој за изолација на државата. Во ЕУ ќе влеземе како Македонци. Колку и да не му се допаѓа, колку и да е хистеричен, Мицкоски нема да ги блокира реформите и европскиот пат на државата.

Треба да знаете
Последни објави