Шпанскиот тенисер Енрике Лопес, учествувал во местење на мечеви во 2017 година, за што денеска доби осум годишна забрана за настап. Единицата за интегритетот на тенисот (ИТУ), соопшти дека додека е на сила казната Лопес, не смее да се натпреварува и да присуствува на официјалните турнири. Шпанецот е казнет и парично со 25.000 долари.
ИТУ, исто така, соопшти дека докажале дека тој наместил три меча, додека за останатите две обвинувања немале доволно докази. ИТУ не наведе за кои мечеви ги наместил Лопес.
Енрике Лопес има 29 години, што значи дека оваа казна го означува и крајот на неговата кариера. Најдобриот пласман во кариерата, Лопес го остварил во 2018 година, кога На АТП листата беше рангиран на 154 место.