„Направивме тим од стручни лица кои што ја изработија програмата за локалните избори во Штип, ги видовме сите ситуации во образованието и направивиме план каде можеме да интервенираме. Ќе го реновираме кровот на ОУ „Гоце Делчев“, кровот на гимназијата, реновирање на дворната површина во ОУ „Димитар Влахов“ и ќе поставиме спортски реквизити, акцент ќе ставиме во училиштето „Тоше Арсов“, каде ќе правиме санација на санитарниот чвор… Нашите ученици заслужуваат најдобри услови и ние тоа ќе им го овозможиме.“- ги најави своите проекти во образованието, кандидатот за градоначалник на Штип од редовите на СДСМ, во интервјуто на социјалните мрежи. Тој дополни дека покрај образованието, за раст и развој на секоја личност потребна му е физичка активност, па затоа најави инеколку интервенции во подобрување на условите за спортистите. „СДСМ и Владата мислат на иднината на младите. За прв пат во историјата ќе имаме затворен базен во Штип, ќе биде наменет за сите ученици од основното и средното образование, а после часовите ќе биде отворен за граѓаните. Таму, во состав на базенот има и игралиште. Ќе се реновираат спортски терени, и генерално за проектите за кои зборувам парите се обезбедени. Ќе настојуваме да имаме места и за професионалните спротисти, ќе се реновира салата „Тоше Арсов“, потоа уште една спортска сала. Сепак зборуваме за мандат од 10 месеци, мандат кој што е краток, но она што е приритетно ние ќе го реализираме.“- увери Николов.