Денеска, потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска беше меѓу граѓаните на Штип. Во директното вклучување од Штип таа истакна дека одлично се одвива наставата и онлајн и онаму каде што има физичко присуство, што значи дека училиштата заедно со општините затоа што беше потребна поддршка од градоначалниците успеаја да се вклучат во еден образовен процес што тече.
И во време на пандемија имаме успешно образование, рече Царовска, додавајќи дека добрата страна на воспоставување систем на онлајн учење, всушност претставува дигитализација на образованието.
Во врска со стручното средно образование Царовска истакна дека оваа година ја поврзавме уписната политика со стипендирање. Таа додаде дека на денешната владина седница е зголемен бројот на стипендии, бидејќи за 9 стипендии се пријавиле 23 кандидати за средно стручно образование.
Во врска со изборите во Штип, Царовска им порача на Штипјани да не ја пропуштат шансата да изберат градоначалник на демократски избори.
Голема одговорност и чест е и треба да се излезе и да се гласа, а граѓаните нека бидат сигурни дека се безбедни, како што организираме парламентарни избори без трансмисија, можеме и избори во Штип на кои ќе се почитуваат протоколите и препораките на комисијата за заразни болести, нагласи Царовска.
Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин, но уште погорди што можат да го изберат, ретки се лекарите, како Сашко Николов, кој што верува дека треба да го даде својот потенцијал на својот град и да формира кардиолошко одделение.
Вредностите како лекар ќе ги пренесе во општината, сите да имаат добро образование, здравствен систем, пристап до вода, канализација и затоа треба да гласаат за дополнителна вредност на општина Штип, истакна потпретседателката на СДСМ Мила Царовска.