Италјанскиот фудбалски калчолигаш остана во игра за пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампионите во групата Б каде пред да се одигра последното коло сите опции се отворени. Интер ја задржа теоријата да презими во елитното натпреаврување со победа против бундеслигашот Борусија во Менхенгладбах (2:3). Работата не е завршена, а за да ја комплетира нема да зависи само од неговиот резултат во последното коло со украинскиот Шахтјор.
Тимот од Милано мора да победа против Шахтјор, но пресметката во Мадрид меѓу Реал и Борусија не смее да заврши без победник за Интер да се пласира во следната фаза на ЛШ. И тренерот на Интер, Антонио Конте се врати во живот по триумфот во Менхенгладбах, изјавувајќи дека оваа екипа има победнички дух кој на сите им прави проблеми.
-Живи сме, одигравме тимски, победнички, со ваков пристап им создаваме проблем на сите противнички екипи, честистки за моите играчи, ја прифатија одговорноста, само вака ќе растеме на резултатски план, ќе напредуваме – изјави Конте по победата во Германија.