Најтрофејниот тим во елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите со 13 освоени европски „круни“ Реал Мадрид синоќа загуби на гостувањето кај Шахтјор со 2:0. За време на настап на „кралевите” во елитното натпреварување сезонава, примија девет гола во пет кола од групната фаза што е негативен рекорд за клубот.
Досега Реал го победи Интер двапати (2:0, 3:2), ремизираше со Борусија Менхенгладбах (2:2) и загуби од Шахтјор (2:3 и 0:2).
Во последното коло Реал ќе игра со Борусија Менхенгладбах во обид со победа да обезбеди место во плејофот.