Интер стравува дека натпреварот Реал – Борусија во Мадрид ќе биде режиран

Доколку Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах одиграат нерешено во последното 6. коло од  Б групта во фудбалската Лига на шампионите, ќе згасната надежите на италјанскиот Интер дека може да презими во елитното клупско натпреаврување. За да се пласира Интер во осминафиналето од ЛШ мечот во Мадрид не смее да заврши без победник, а Интер мора да го победи украинскиот Шахтјор кој по втор пат сезонава го совлада Реал Мадрид (2:0). За да се врати во игра Интер ја победи Борусија Менхенгладбах на гости (2:3). Во последното коло во групата Б во ЛШ, отворени се сите опции.

Сигурно е едно, дека бундеслигашот Борусија Менхенгладбах нема да испадне од Европа, ќе игра или во ЛШ или во Лигата на Европа, додека преостанатите три екипи можат да играат во осминафиналето во ЛШ или да се простат од европска фудбалска пролет.

Иако со победата во Германија дојде до голема шанса да се избори за освојување на едно од првите две места во групата и да игра во осминафиналето, Интер не зависи сам од себе. Во една од комбинациите е и таа дека ќе останат без осминафинале во ЛШ и да го победат Шахтјор во последното коло.

Болните рани на Италијанците од 2004 година и Европското првенство сè уште не се залечени. Тогаш на Италија за пласман во нокаут фазата и беше потребен било каков резултат освен реми 2:2 помеѓу Шведска и Данска. За тие кои не се сеќаваат на овој случај, конечниот резултат меѓу двете скандинавски селекции беше токму 2:2 по што Италија испадна од ЕП.

Сега во Интер повторно стравуваат од ваква режија, бидејќи резултатот на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Борусија не е важен, туку само исходот да не биде пријателски без да има поразен. Со реми и двете екипи ќе бидат добитници. Борусија е прва на табелата со осум бода, Реал Мадрид и Шахјтор имаат по седум, а Интер пет бода, но има негативен скор со Реал Мадрид бидејќи загуби и на двете меѓусебни средби.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и на Интер, Естебан Камбијасо ги уверува фановите дека нема теорија на завера и дека дуелот меѓу „кралевите“ и Борусија нема да заврши нерешено.

– Ве уверувам и сигурен сум дека нема да има реми. Добро го познавам Реал Мадрид и тоа не смеат да си дозволат да играат на реми на домашен терен и притоа да заврши втори во групата. Сигурен сум во тоа. Интер мора да мисли само на победата – изјави Камбијасо.

Треба да знаете
Последни објави