Пациент кој чекал за преглед утрово починал во чекалницата на ковид-амбулантата во Анти туберкулозниот диспанзер во Врање, пренесуваат српските медиуми.
Како што се наведува, човекот неколкупати рекол дека не му е добро и се срушил на подот. Дежурната докторка, која излегла на лице место, го пријавила случајот во полиција.
Другите пациенти биле замолени да ја напуштат зградата.
Изминатите десетина дена, како што пренесуваат српските медиуми, голем е притисокот врз ковид-амбулантите во Врање. Само вчера биле објавени 276 прегледи.