Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ
„Премиерот во заминување, Зоран Заев е тој кој што е изолиран и нервозен. Членството на СДСМ, граѓаните, јавноста, интелектуалците се тие кои јасно и гласно кажуваат не на неговата штетна политика на свиткана кичма, која не носи секој ден пред нови порази, неуспеси и ќор сокак на нашите евроинтеграции.
Народот се спротивставува се погласно на намерата на премиерот во заминување Зоран Заев да го погази целосно македонското достоинство ставајќи ги на тезга за распродавање македонскиот јазик, идентитетот на народот и историјата.
Соочен со ова премиерот во заминување Заев со малкумината свои послушници праќа нервозни пораки до јавноста.
Македонија се буди.
Македонија или Заев.
Оставка на Заев, слобода за Македонија