Мандаторот за состав на новата црногорска влада, Здравко Кривокапиќ чиј тим од 12 министри и еден потпретседател треба да се избира денеска во парламентот, јасно наведува дека програмата за економско државјанство, којашто стапи на сила на почетокот од минатата година, нема да остане. Најавено е нејзино укинување, оценуваат црногорските медиуми.
Кривокапиќ навел дека внимателно ќе ја креира листата на дефицитарни занимања и ќе поттикне преквалификации и образување на кадри согласно реалните потреби.
Поради оваа одлука, како што пишува црногорски Инвеститори, земјата би можела да остане без скоро 400 милиони евра. Толку пари би требало да бидат вложени во 14 проекти низ Црна Гора, коишто биле кандидати за добивање економско државјанство.
Европската комисија најави покренување на постапка против Малта и Кипар поради шемата на “златни пасоши“. Поради тоа, Кипар го запре проектот на економско државјанство, Малта одговори дека нејзината програма наскоро ќе биде укината и заменета со нов пропис.