УЕФА се подготвува за големи промени во системот за натпревари од Лигата на шампионите

Светските медиуми повторно пишуваат за големи промени во елитното европско  фудбалско клупско натпреварување. Според нив Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) од 2024 година драстично би го променила форматот во Лигата на шампионите. Според „Тајмс“, УЕФА ги разгледува сите опции за нов циклус на продажба на ТВ-правата, кој ќе започне во 2024 година.

Групната фаза не би постоела, но 32 екипи би играле според таканаречениот „швајцарски систем“. Првите осум екипи по одиграни 10 кола ќе одат директно во осминафиналето, додека следните 16 екипи на табелата (од 9-то до 24-то место) би играле во плејофот, со што би биле утврдени преостанатите осум екипи кои ќе играат во осминафиналето.

Тимовите кои веќе еднаш имале заедничка пресметка нема да можат да се сретнат двапати, што значи еден ваков формат би донел целосна промена во Лигата на шампиони!

Треба да знаете
Последни објави