Ливерпул забележаа сигурна 3:1 победа на гостувањето кај Астон вила во првиот премиерлигашки меч по „рестартот“ на англиската сезона, покажувајќи дека тимот на Јирген Клоп е подготвен за борба за кревање од шестото место на табелата каде што се наоѓаат засега.
„Црвените“ експресно дојдоа во водство на „Вила парк“ со голот на Мохамед Салах во 5. минута од мечот, а откако му беше поништен голот на Жоел Матип во 20. минута, Виргил ван Дајк во 37. минута стрелаше по асистенција на Салах за сигурно водство. Меѓутоа, Вила се вратија преку Оли Воткинс во 59. минута, правејќи го финишот на мечот интересен.
Победата ја осигура младиот српски напаѓач Стефан Бајчетиќ во 81. минута со својот прв сениорски гол во дресот на Ливерпул. Нема многу време за одмор на Ливерпул – веќе на 30 декември ги пречекуваат Лестер.