Нашата држава во 2018 година го почна процесот за развој на Стратегијата за паметна специјализација, како сеопфатен модел за одржлив економски раст. Оваа стратегија треба да се поврзе и да додаде вредност на индустриската политика, како и стратегиите за конкурентност, иновации, истражување и развој, рече денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.
Оваа стратегија, според министерката, на сите земји и региони нуди многу потенцијал за соработка и партнерства, споделување на знаење, поддршка на иновации, создавање нови вредности и нови можности за одржлив економски раст.
-Република Северна Македонија, во 2018 година, го започна процесот за развој на Стратегијата за паметна специјализација, како сеопфатен модел за одржлив економски раст. Оваа стратегија треба да се поврзе и да додаде вредност на индустриската политика, како и стратегиите за конкурентност, рече Царовска на третата сесија на министерскиот состанок на Платформата за образование и обука, истражување и иновации на земјите од Западен Балкан, посветена на Стрaтегијата за смарт специјализација.
Како што посочи, целта е да ги идентификува областите на специјализација каде државата постигнува конкурентни или потенцијални предности, со цел да се зголемат ефектите од јавните инвестиции.