Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во вечерашното соочување со портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на Канал 5 телевизија посочи дека во отворените прашања со Бугарија македонскиот идентитет и македонскиот јазик не се, ниту ќе бидат предмет на преговори. – Манипулација е дека со Бугарија проговараме за идентитетот. За македонскиот јазик, македонскиот идентитет ниту се преговара, ниту ќе се преговара. За разнебитување на иденитетот зборувавте и кога се случуваше Преспанскиот договор. Велевте дека со Преспанскиот договр го губиме идентитетот. Каков идентитет имаме денес? На каков јазик зборувате вечерва овде? Колку идентитети имате? Доста ги лажете граѓаните. Се додека ширите манипулации, додека правите блокади и се однесувате деструктивно, ќе останете во опозиција, му порача Кузеска на Арсовски.