Намерата на Шилегов да ги отстранува историските споменици од центарот на Скопје е само продолжение на анационалната политика на премиерот во заминување Зоран Заев. Тие очигледно се спремни да ја избришат историјата на македонскиот народ и секој споменик кој асоцира на тоа.
Шилегов, Заев и актуелното раководство на СДСМ треба да бидат свесни дека наместо спомениците на хероите, тие ќе завршат во срамниот дел од историјата на Македонија. Народот јасно кажува дека се противи на нивната штетна политика на свиткана кичма со која се негира македонскиот јазик, народ и историја.
Историското буниште го чека Шилегов исто како и премиерот во заминување Зоран Заев. Оставка на Заев, слобода на Македонија.