Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Влатко Шешов за 24 Инфо изјави дека попладневниот земјотрес што го погоди Скопје не е поврзан со денешниот земјотрес во Грција.
-Според сите добиени податоци од овој сеизмички настан можеме да констатираме дека земјотресот кој се случи околу 14:09 денес и го почуствуваа граѓаните на Скопје, потекнува од скопското епицентрално подрачје и не е поврзан со земјотресот во близина на Перистери , Грција кој исто така се случи денес. Денешниот потрес е типичен локален тип на земјотрес од скопското подрачје, релативно плиток земјотрес длабочина од 10 км и затоа со најголем интензитет е почуствуван во скопската котлина, изјави Шешов.
Според него, воопшто не е благодарно да се прогнозира дали ќе има или ќе нема нови потреси.
-Тоа не е предмет на науката. Најбитно е да ги почитуваме техничките стандарди за градење и да обезбедиме сигурност за нашите граѓани, рече директорот на ИЗИИС.