Поранешниот француски претседател Валери Жискар Д’Естен почина на 95-годишна возраст од последици од Ковид-19, соопшти неговото семејство. Д’Естен последните месеци неколку пати бил хоспитализиран поради кардиоваскуларни проблеми, пренесува „Ле Монд”.
Во соопштението се наведува дека, во согласност со желбата на поранешниот претседател, тој ќе биде погребан во кругот на неговото најблиско семејство.
Д’Естен починал вчера на својот имот во Отон, централна Франција.
Тој беше претседател на Франција од 1974 до 1981 година.