Натпреаврите од синоќешното 5. коло во елитната фудбалска Лига на шампионите ќе биде запаметено и по настапот на седум играчи од Соединетите Американски Држави кои играа во своите тимови. Ова е нов рекорд во ЛШ каде во исто време на терените беа толкав број Американци.
За рекордот се погрижија: Кристијан Пулишиќ (Челзи), Сержињо Дест (Барселона), Џовани Рејна (Борусија Дортмунд) и Вестон Мекени (Јувентус) кои беа во почетниот состав, како и резервистите Конрад де ла Фуенте (Барселона), Крис Ричардс (Баерн) и Тајлер Адамс (Лајпциг).
Претходниот рекорд за најмногу американски фудбалери во една рунда од УЕФА во Лигата на шампионите беше шест, а беше поставен во сезоната 2004/05.
За одбележување е тоа што минатата недела во составот на Барса се појавија и Американците Дест и де ла Фуенте на натпреварот против Динамо Киев (4:0). Тоа беше првпат по 16 години двајца американски фудбалери да влезат во Лигата на шампионите како дел од ист тим. Претходниот пат ова се случи на 8 декември 2004 година, кога голманот Тим Хауард и дефанзивецот Џонатан Спектор играа за Манчестер јунајтед на натпреварот против Фенербахче (0:3).