Асимптоматските случаи на коронавирус сè уште се енигма за научниците, но универзитетот во Австралискиот Голд Коуст, во поширокиот регион на Бризбејн, заклучи дека луѓето без симптоми имаат 42 отсто помали шанси да го пренесат Ковид-19.
Според студијата предводена од Ојунгерел Бјамбасурен, истражувач од Универзитетот Бонд во Голд Коуст, луѓето кои имаат коронавирус но немаат симптоми, имаат значително помала веројатност да ја пренесат заразата на друго лице.
Во анализа која опфатила 13 студии и 21.708 случаи, пресметано е дека 17 проценти од пациентите немаат никакви симптоми на Ковид-19, додека во некои претходни студии беше споменато дека оваа бројка може да достигне до 81 процент, објави веб страницата nature.com.
Истражувачки тим од Женева, Швајцарија, се обиде да утврди колкава е заразноста меѓу луѓето што живеат во едно домаќинство.
Нивниот заклучок е дека лице без симптоми кое е позитивно на Ковид-19 има една четвртина помалку шанси да го пренесе коронавирусот во споредба со лице кое има симптоми.
– Ако асимптоматските случаи навистина слабо го пренесуваат Ковид-19, тогаш тие не се никакви тајни преносители на вирусот. Тие не кашлаат, не киваат и веројатно не оставаат патогени на разни површини, како што тоа можат да го направат пациентите со симптоми, рече Бјамбасурен.