Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, во интервју за Mozzart Sport вели дека си го исполни сонот како круна на големата кариера да игра со Македонија и на едно големо натпреварување, но посочи дека тој и соиграчите нема што да загубат на дебито на големата цена.
-Се надевам дека пандемијата ќе заврши и дека на Европското првенство ќе има публика, а тогаш ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи. Реално, ние сме аутсајдери, но нема што да загубиме. Првите два меча со Австрија и Украина ни се најважни. Првиот пласман на Македонија на едно големо напреварување е круна на мојата кариера. Убави се сите тие пофалби, ми годат, зашто Македонија одработе сјајна работа. Добро е тоа за Македонија, за селекцијата…“, додава Пандев.