Капитенот на шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид, Серхио Рамос организирал состанок со своите соиграчи за да ја смири тензијата во соблекувалната по слабите резултати. Рамос ги собрал фудбалерите, без присуство на тренерот Зинедин Зидан, кој пак имал средба со претседателот Флорентино Перез.
–Ни недостасува една победа за пласман во следната фаза на Лигата на шампионите, зависиме само од себе. Ова е Реал Мадрид господа и заедно сме поминале и низ полоши работи – им порачал Рамос на соиграчите пренесува „АС“. Деновие се шпекулира дека токму капитенот Рамос веќе размислувал да ги напушти „кралевите“ и да се пресели во редовите на францускиот ПСЖ.
На соиграчите во соблекувалната им се обратил и Лука Модриќ како еден од најискусните во екипата. За состанокот бил информиран и тренерот Зидан. „АС“ тврди дека Зидан нема поддршка само од Иско и Маријано Диаз, кои се за негова смена поради својот статус во првиот тим.