(Видео) Тевес постигна гол за Бока јуниорс и му го посвети на Марадона

Во првиот натпревар по смртта на фуѕдбалскиот мајстор  Диего Марадона, поранешниот аргентински интеранционалец Карлос Тевес му посвети гол на својот идло кој на 25 ноември на 60-годишна возраст почина од срцев удар. Тимот на Тевес, Бока јуниорс гостуваше кај бразилскиот Интернасионал во Порто Алегле, во првиот натпревар од осминафиналето во Копа Либертадорес.

-Му оддадов почит со дресот кој тој ми го подари, а го носел во 1981 година. Многу сум среќен што можев да му го подарам ова, сигурен сум дека одгоре ме гледа. Навистина многу сум задоволен поради тоа, рече Тевес по натпреварот.

Тевес, кој е и капитен на Бока, на лентата исто така имаше посвета за Мардаона, а и ја бакна при прославата на голот.

https://twitter.com/i/status/1334374903626264576

Треба да знаете
Последни објави