На 03.12.2020 во 01.55 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека нивна екипа била физички нападната на улицата „Втора македонска бригада“.
Според пријавеното, нивната екипа отишла на местото на повик во врска со лице во бессознание, па додека му била укажувана помош, лицето се освестило и физички го нападнало лекарот А.Ф..
Полициски службеници излегле на местото и го обезбедиле С.Л.(57) од Скопје, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а по целосно документирање на случајот, ќе му биде поднесена соодветна пријава.