Аријан Адеми со асистенција придонесе Динамо Загреб да триумфира на гостувањето против Феенорд (0:2) и на едно коло пред крајот да обезбеди пласман во 1/16 финалето од Лигата на Европа.
Македонскиот репрезентативец воедно на овој натпревар повторно се запиша во лигата на рекорди на Динамо Загреб, ова беше негов 77. европски натпревар за хрватскиот првак, бројка со која Адеми е апсолутен рекорд на својот клуб. Зад него од вечерва останува Бразилецот со хрватски пасош Самир, кој имаше 76 европски средби како член на Динамо Загреб.
Вистинска штета е што Адеми поради суспензија пропушти неколку сезони на „модрите“, но доколку му се исполни желбата да остане во Динамо до крајот на кариерата нема сомнеж дека тој ќе ја надмине и границата од 100 европски средби во дресот на „модрите“.