Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски е познат меѓу своите сограѓани како голем хуманист, кој секогаш кога е во можност помага на тие што им е потребно. Така беше и вчера.
Активистката од хуманитарното здружение „Стопли срце“, Верче Крстевска на својот профил на Фејсбук сподели информација за несебичноста на Смиелевски.
-И сега нешто убаво и позитивно! Приближно вака: Здраво, Верче на телефон, не ме познавате, јас сум ос хуманитарната „Стопли Срце“, имам огромно барање до вас! Имам семејство со 4 деца во вашата општина, па ако споделувате огревно дрво, ве молиме ставете ги на список и имајте ги на ум! (Му објаснив за семејството). Одговор:
„Нашата општина не дели огревно дрво, дајте ми број и контакт, јас ќе ги купам од мене!“ Човекот ме расплака и ме остави без зборови! Дрвјата пристигнаа вчера! Ова е градоначалник на пример!, напиша Крстевска.