Принцот од Велс изјави дека „се моли“ за враќање на секторот за забава опустошен од Ковид-19. Тој се надева повеќе места за забава повторно да се отворат наскоро, по посетата на театар за да гледа актерка како настапува на пауза од нејзината дневна работа во супермаркет.
Принцот Чарлс и војвотката од Корнвол го посетија театарот Сохо за да ја покажат својата поддршка за лондонската уметничка сцена.
Некои места во главниот град на Британија сега повторно се отвораат по последниот локдаун.
Кралската двојка ја гледаше Наташа Маршал како изведува дел од нејзината претстава Half Breed, сè уште облечена во нејзината униформа од „Морисонс“.
„Подоцна морам да се вратам на работа, полесно е да ја носам униформата на мене бидејќи многу ќе брзам да стигнам на време,“ им рече Маршал на принцот и војвотката.
„Задоволство ми е да ве запознаам. Театарот ме поддржа и јас ја искористив можноста да настапам денес.“
Принцот Чарлс одговори: “Тоа е прекрасно, таква посветеност. Јас навистина уживав во изведбата и се молам сите вакви места да отворат наскоро. Ви посакувам успех”.