Страшевски: Одржуваме рочишта во мали судници, а таму е и Јанакиески, кој има решение за изолација

Адвокатот Јовица Страшевски, ангажиран во случајот „ТНТ“ реагира дека судскиот процес се форсира за смета на други предмети, а судењат се одржуваат во мала судница со голем број на лица. Затоа ги повикува новинарите и невладините организации да дојдат на денешното рочиште во 12.30 часот за да видат дали се почитуваат здравствените протоколи.

-На последното рочиште бевме држани повеќе од 7 часа во просторија од 50 м2 (сала број 6) каде присуствувавме 30 лица, а меѓу нив беше и Миле Јанакиески со Решение за изолација, кој иако е со решение за изолација, спротивно на сите здравствени протоколи учествува на судењата . Ова мое обраќање е и до здраствените власти да присуствуваат на ова рочиште да проверат дали се почитуваат Протоколите од заштита од Корона вирусот бидејќи на отворено е дозволено групирање по 4 лица со заштитни маски,  а ние во судница по 30 луѓе без никаква вентилација и проветрување спротивно на сите здравствени протоколи со лице во изолација држиме маратонски судења за ТНТ, за кој се одлага и денешното рочиште за „27 Април“. Зошто спротивно на се повторно ТНТ има приоритет пред сите судења – други предмети кои се одлагаат заради одржувања на ТНТ?????!, прашуваа адвокатот.

Треба да знаете
Последни објави